Украински офицер убиен на Крим

Украински морнарички офицер вчеравечер е убиен на Крим од страна на руски војник, соопштило денес украинското министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.

Засега детали за убиството не се објавени.

Според руските медиуми, убиството се случило кога пијани украински војници почнале да се караат со руски војници што го чувале влезот во воена база.