Унгарската војска доби право да апси имигранти на граница

Унгарскиот Парламент усвои закон, кој дозволува на Владата да испраќа војска да помага на полицијата за совладување на кризата со имигрантите.

Одобрениот предлог-закон и дава право на унгарската војска да врши задачи како утврдување идентитет, апсење на осомничени и контролирање на сообраќајот по границите.

И покрај тоа што војниците ќе бидат вооружени, унгарските власти ветија дека сила ќе биде применета само во краен случај.

Законот утврдува дека унгарската војска може да употребува гумени куршуми, пиротехнички средства и солзавец.

Предлог-законот, поднесен од Владата на Виктор Орбан, кој ја бараше поддршката на две третини од Парламентот, беше усвоен со 151 гласови „за“, 12 „против“ и 27 воздржани.