УСАИД донираше 15 системи за наводнување капка по капка за пченка

Денес, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси го одбележи проширувањето на иницијативата “Да одгледуваме повеќе пченка” во Полог каде што годинава донираше 15 системи за наводнување капка по капка за пченка. Директорот на УСАИД/Македонија, Џејмс Стаин, свечено вклучи два од новите 15 системи капка по капка на полето со пченка на Назуф Џеладини во близина на село Тумчевиште и на полето на Билјана Савеска во близина на село Јанчиште.

„Го почнавме овој процес во Полог и Пелагонија во 2013 со донација на 40 системи капка по капка на мали производители на пченка како дел од иницијативата на УСАИД Да одгледуваме повеќе пченка,” рече Џејмс Стаин, директорот на УСАИД/Македонија.

Во 2013 Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси успеа да ги зголеми приносите на земјоделците кои учествуваа во иницијативата “Да одгледуваме повеќе пченка” за повеќе од 50%. Затоа што пченката во Македонија најчесто се користи за сточна храна, зголемените приноси им овозможуваат на сточарите да нахранат 4 пати повеќе крави со истата површина на пченка. Овој пристап на одгледување пченка ќе им овозможи на малите земјоделски бизниси во Македонија да станат поконкурентни, попрофитабилни и поодржливи.