Уште 5 доктори ќе даваат совети на линијата „Ало докторе!“

Вкупно 239 лица од сите градови на Македонија се јавиле во изминативе два дена на телефонската линија за медицински совети „Ало докторе!“ .  

Како што известуваат од ЈЗУ Здравствен Дом Скопје на  први ноември  на линијата „Ало докторе!“ медицински совети ќе даваат уште 5 доктори од кои тројца  се  специјалисти што значи дека 22  доктори  специјалисти вкупно ќе се достапни за  граѓаните 24 часа за соодветна здравствена услуга преку здравствен совет  и соодветна симптоматска терапија.

На сите граѓани поради здравствената состојба за која ја побарале линијата „Ало докторе!“ од страна на дежурните доктори специјалисти им е даден медицински совет, ако било потребно и симптоматска терапија.

Во најголем број јавувањата од страна на граѓаните за медицински совет на телефонската линија 15123 – „Ало докторе!“ биле за  здравствени совети во  врска со кашлица, стомачни тегоби, високи телесни температури.

Директорката на клиниката за анестезија, реанимација и интезивно лекување (карил)  ќе биде дежурна денес од 18 ч до 22ч во кол центарот „Ало докторе!“, а утре на 01.11.2014 година за медицински совет  ќе биде достапен Проф. Д-р. Антони Новотни директор на клиниката за психијатрија.