Уште две мигрантки се породија во Скопје

Сириска мигрантка се породи во Скопје

Уште две мигрантки се породија во Скопје. Во текот на последните 24 часа на Универзитетска  Клиника за гинекологија и акушерство Скопје породени се со нормално породување две мигрантки од Сирија и Авганистан.

Издадени потврди на 2.569 странски државјани

Во текот на изминатото деноноќие, издадени се потврди на вкупно 2.569 странски државјани, од кои, 1.512  се од машки пол, 369  се од женски, 553 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 135 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најмногу има Сиријци 1.463, а по нив следуваат државјаните на Авганистан –707, Ирак-234, додека другите се во помал број.

Досега издадени потврди на 127.553 странски државјани

Во периодот од 19.06.2015 до 09.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 127.553 странски државјани, од кои, 83.924 се од машки пол, 16.921 се од женски, 22.102 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.606 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-91.654, потоа Авганистан-18.462, Ирак-8.311, Пакистан-3.213 Палестина-1.273, Иран-1.006, Сомалија-746, Бангладеж-740, Конго-426, Нигерија-229, Камерун-202,  Еритреја-172,  Етиопија-144, Судан-123, додека останатите се во помал број.