Утре без струја повеќе корисници во Карпош и скопско

Од ЕВН Македонија АД известија дека во среда, 26.07.2017 година,поради закажани технички зафати без електрична енергија ќе останат:

Од 8 до 14 часот дел од улицата „Прашка“, односно парни броеви од бр. 4 до бр. 26, во општина Карпош.

Од 9 до 12 часот дел од улицата „Никола Русински“ во општина Карпош;

Од 9 до 15 часот дел од селата Долно Количани, Рамни Габер и Пагаруша, во општина Студеничани; и

Од 9 до 14,45 часот дел од селата Бразда и Глуво во општина Чучер Сандево.