В сабота традиционален марш до Петлец во чест на Даме Груев

Доколку не би постоел големите луѓе и големите датуми во историјата на Македонија, би се изгубила можноста за наше препознавање меѓу нациите, бидејќи без нивните подвизи, дела и херојства би била празна историјата и културата на нашиот народ.

-Нашата слобода ние ја наследивме, но нашето совршенство треба да го заработиме. Да празнуваме и да бидеме горди на своето минато, горди на своите предци, бидејќи нивното дело живее во нашите гени, во нашата крв. Тие живеат со големите празници. Даме Груев беше еден од нив. На 23-ти декември 1906 година го загуби својот живот во борбата за слободна Македонија на планината Петлец во близина на Русиново, соопштуваат од општина Берово.

Општина Берово во чест на македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија Даме Груев, организира традиционален марш до местото на загинувањето на планината Петлец.

Маршот ќе се одржи на 24 декември (сабота) 2016 год. со следната агенда:

08.30 Собирно место на центарот во Русиново

09.00 Положување на свежо цвеќе на бистата на Даме Груев во центарот на Русиново

09.30 Панихида на надгробната плоча на револуционерите на гробиштата во Русиново

10.00 Тргнување кон планината Петлец