Ван Перси: Холандија одигра очајно во првото полувреме

Најголемата ѕвезда во репрезентативецот на Холандија, Робин ван Перси, призна дека неговиот тим одиграл очајно лошо во првото полувреме од дуелот против селекцијата на Австралија.

„Бевме очајни во првото полувреме, одигравме многу лошо. Имавме големи проблеми, репрезентативците на Австралија не престанаа со трчање. Противникот одигра одлично во поголемиот дел од натпреварот. Не е можно да одиграш совршено на секој натпревар, а шансите за такво нешто се сведени на теорија кога е во прашање фудбалскиот мундијал. Мора да ги добиеш и ваквите натпревари. Во второто полувреме го применивме добро познатиот за нас систем 4-3-3. Подобро функционираме со таа тактика, со таа формација. Многу сум среќен поради победата, поради пласманот во 1/8 финалната рунда. Малку сум тажен поради вториот жолт картон. Сега ќе немам право да настапам на дуелот против репрезентацијата на Чиле”, изјави Ван Перси.