„Варнер Брос“ и „Волт Дизни“ заинтересирани да инвестираат во Македонија

Филмските компании „Ворнер Брос“ и „Волт Дизни“ се интересираат за бизнис климата во Македонија. Претставници од двете компании без присутни на бизнис форумот во Лос Анџелес. Премиерот Никола Груевски оставри контакти со Стив Папазиан директорот на Physical Production, Ворнер Брос и Пол Стеинке од компанијата „Волт Дизни“.

Овие две американски филмски компании се едни од најзначајните во проиводство и дистрибуција на филмови.

„Ворнер Брос“ е една од најзначајните филмски компании во Холивуд, а станува едно од водечките холивудски студија со прикажувањето на првиот звучен филм The Jazz Singer во 1927 година.

dizni_2

Филмската компанија „Волт Дизни“, пак, важи за една од најголемите светски компании за производство на забавна програма, а името го дoбива по нејзиниот легендарен основач Волт Дизни кој заедно со неговиот брат  во 1926 година го основале „студиото на цртани филмови“.  Корпорацијата коај тој ја ко-основа, денес има годишен приход од околу 35 билиони американски долари.