Велиновска за Република: Како се демолираше „Хардрок“

Демолирањето на Хардрок требаше да биде момент кога би се дискредитирал претседателот Киро Глигоров: „начекан“ со младо женско друштво, „харем“ со кој заминал во дискотека во добро загреана атмосфера, а во дискотеката влетуваат насилници кои ја демолираат „до темел“.Накратко вака го доживува Мирка Велиновска случајот Хардрок, афера која беше оставена на времето да избледне, а требаше да се прикаже како пресметка за наплата меѓу партиското обезбедување и СДСМ, односно Сојузот за Македонија, по изборите таа 1994, пишува Република.

За потсетување, таа 1994, на очигледно лажирани избири, Глигоров е прогласен за претседател по првиот круг; опозицијата не учествува на изборите, Сојузот на СДСМ освојува над 90 пратеници и се засилува приватизацијата на економијата.

Случајот Хардрок, хронолошки, е меѓу „непристојната понуда“ од Грција до Глигоров, која се одвива преку Фрчковски, за пари и други вредности во замена за ставот за името на државата; и атентатот врз Глигоров неколку месеци подоцна.

– Немаше ниту да видам или ќе видев подоцна. Славеше Пивара годишнина и направи забава во пивара. Јас влегов со Чомовски. Тој уште првите минути виде распоред три сали. Едната со стаклени врати „“одбрано Друштво“ Киро Глигоров, Владиката Кирил, Ерол Ризаов, Леб и сол, Ана Костовска, и уште некои млади девојки. Бранко Црвенковски седнат спроти Киро Глигоров. Другата сала министерти разни угледници, општ култ работници, амбасадори. Третата сала, „ситна боранија“, директорчиња, новинари, некои други и Стојан Андов. Чомовски со искуство на голем посматрач го снима теренот и вика „ова нешто смрди“. Штом го седнале Киро Глигоров таму, заклучиле врата никој не може да помине, преку стакло снимаат фото секција.. Вели види Стојан каде е? Види каде Свето каде се подготвува да збори, подалеку од сите овие гости. Сосема необична сценографија за ваков настан- раскажува Велиновска за Република.

-Се враќаме кон главната врата кога Бранко Црвенковски излегува, го снемува за половина час. Другите остануваат, во запалена атмосфера, сите пејат, Киро Глигоров исто така и кога Ана Костовска му седнува во скут. Чомовски ми рече „да си одиме, ќе биде нешто“- и си одиме. Во меѓувреме се случува Хард рок. Всушност Киро Глигоров со младите требало да оди во Хард Рок, и всушност „начекан“ со младо женско друштво да биде дискредитиран. Киро атерџија со женско друштво весело, како харем околу него. Не е прв пат такви местенки имало, ама чудна работа не го заштити ниту жената ниту безбедњаците околу него, тие имаат сознанија. Како се случи порано пред стигањето на Киро Глигоров, никој не знае- се присетува Велиновска.

-Важно факт е дека тој случај немаше нормална завршница како во правна држава. И така Хард Рок се заташка иако се беше на „ачик“. Иако ги знаевме сите луѓе: улогата на Лазе Китановски, чии што се негови луѓе од заштитарите на СДСМ од корпусот на ситни криминалци и тепачи тој ги контролираше, тој ја создаде паравојската. Тие си останаа неказнети, но се случуваа други убиства на луѓе кои вршеа по се изгледа други валкани работи, но само кога ќе излезеа од контрола и бараа повеќе- потсетува Велиновска за случајот „Хардрок“.