ВИДЕО: Албанци ја нападнаа колоната возила на Вучиќ на Косово

Група Албанци го нападнаа конвојот на возила, кои беа во придружба на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, за време на неговата посета на Косово.

Косовските граѓани со развиорени албански знамиња во рацете, удираа по колоната автомобили и извикуваа “УЧК, УЧК”.

– Некои од нив клоцаа по нашите автомобили. Јас не знам дали ги болат нозете. Не гледам дека постигнаа некој резултат со тоа, рече Вучиќ.