Бизарен тренд на превртување автомобили се појави во Сан Франциско.
Мотивот за таквата игра е непознат, а на мета се главно малите Смарт автомобили.
Предминатата ноќ четири автомобили се превртени на покрив, странично или на багажник. Полицијата смета дека се работи за нечија несолена шега, а на мета се смарт автомобилите затоа што се лесни и не се потребни многу лица за да го превртат.