ВИДЕО: Боко Харам обезглави двајца „шпиони“

Нигериската милитантна група Боко Харам објави видеоснимка на која го прикажува погубувањето на двајца шпиони.

Еден од мажите ги признал „своите злосторства“ пред камера пред да им ги отсечат главите. Овој клип потсетува на оние што ги објавува ИСИС, а е второ по ред што го објавува Боко Харам.

Видеото го нарекле „Жетва на шпиони“ и е поставено во понеделникот на Твитер. Во почетокот може да се види како луѓето клечат на колена опкружени со борците на Боко Харам, додека еден од нив држи знаме.

Жртвите се идентификувани како Давуд Мухамед и Мухамед Авлу. Давуд пред да го погубат вели дека е земјоделец од Бага и одговара на серија прашања, додека еден од милитантите му држи нож на вратот.

 „Отидовме да се видиме со еден маж од Мијка и со полицаец што беше со него. Полицаецот ни даде 5.000 наири (22 евра)“, вели тој и додава дека нивната мисија е да ги шпионираат жителите што живеат таму, а се членови на групата Боко Харам. За возврат им било ветено дека ќе станат богати и дека никогаш повеќе нема да бидат земјоделци.

http://www.dailymail.co.uk/video/news/video-1163830/Boko-Haram-force-prisoner-record-testimony-knifepoint.html