Балкан

ВИДЕО: Братот на Вучиќ ги гаѓал полицајците?

ВИДЕО: Братот на Вучиќ ги гаѓал полицајците?

Во 34. минута од видеото на кое се гледа како е претепан Андреј Вучиќ, братот на српскиот премиер, Александар Вучиќ може да се види како тој удира еден од полицајците со некој помал предмет, а можно е да се работи за шише.

Од случајот за претепувањето на братот на српскиот премиер Андреј Вучиќ од страна на полицијата очигледно се испуштени некои детали до кои може да се дојде со забавување на снимката.

Имено, освен што на снимката недостасува на почетокот за да може да се има увид во тоа како дошло до конфликтот, материјалот кој е снимен покажува нешто за кое се досега се молчело.