ВИДЕО: Деветмина загинати, 30 исчезнати во поплави на Соломонските острови

Најмалку девет лица загинаа денеска, а 30 се води како исчезнати, додека 10.000 останаа без домови во поплавите кои го погодија Хонијари, главниот град на Соломонските острови, соопштите тамошните власти, јавуваат светските новински агенции.

Владата прогласила вонредна состојба откако доцна синоќа се излила најголемата река во градот Матаникау, носејќи куќи и мостови.

Властите стравуваат дека бројот на жртви ќе биде поголем, јавува АФП.

Локалните медиуми објавија дека ова е најголема катастрофа со која се соочува народот на Соломонските острови.

Во училиштата се отворени 16 центри во кои се сместени 10.000 луѓе кои останале ез домови, а постои страв и од ширење на зарази.