ВИДЕO: Џихадистите егзекутираа уште еден британски заложник

Џихадисти од Исламска држава објавија видео запис, на кој се гледа егзекуција на Британецот Ален Хенинг, како и џихадист кој се заканува дека нивна следна жртва ќе биде Американец.

Станува збор за Ален Хенинг (47), а во видеото џихадистот се заканува дека следниот заложник кого ќе го погуби ќе биде Американецот Питер Кесиг (26).

Двајца американски официјални претставници за американските медиуми поотврдија дека Питер Кесиг, поранешен американски војник кој служел во Ирак, се наоѓа во рацете на џихадистите.

Маскиран џихадист му порача на американскиот претседател Барак Обама дека бидејќи почна воздушни напади врз Сирија и тие ќе продолжат со отсекување глави на неговиот народ.

Хенинг, во портокалова облека и на колена во видеото изјавува дека ја плаќа цената за гласањето во британскиот Парламент.

-Крвта на Дејвид Хејнс е на твоите раце премиере Камерон. Ален Хенинг ќе биде, исто така, погубен, но неговата крв е на рацете на пратениците во британскиот Парламент”, со британски акцент порачува маскираниот џихадист, кој стои зад Хенинг.

Инаку џихадистите во изминативе месеци на интернет објавија видео записи од отсекување на главите на американските новинари Џејмс Фолиј и Стивен Сотлоф, како и на британскиот хуманитарен работник Дејвид Хејнс.