ВИДЕО: Ексл Роуз со скршена нога ја почна турнејата со AC/DC

Австралискиот хард рок бенд AC/DC во Лисабон го одржа првиот концерт на почетокот на европската турнеја на која што наместо пејачот Брајан Џонсон настапи Ексл Роуз од бендот „Guns’n Roses“.

AC/DC на почетокот на март го одложи почетокот на турнејата, откако лекарите му препорачаа на Џонсон (68) да не пее на зцена затоа што му се заканува целосно оштетување на слухот.

Така Ексл Роуз (54) во саботата ја започна европската турнеја со култниот хард рок бенд кој би требало да има 12 настапи. Тој пееше седејќи поради преломот на ногата. Концертот се одржа на отворено во Лисабон, пред околу 60.000 посетители. Следниот концерт ќе биде во Севилја, Шпанија.