(ВИДЕО) Експлозија во кинеска фабрика, шестмина повредени

Шест лица се хоспитализирани по експлозијата во хемиска фабрика во кинескиот град Жангзоу, во југоисточната провинција Фуџијан, објави МИА.

Стотици пожарникари се испратени да го изгаснат пожарот, предизвикан од експлозијата во фабриката, која произведува токсична хемикалија параксилен, која се користи за производство на пластика.

Властите се обидоа да ги смират локалните жители, велејќи им дека нема истекување на отровни гасови, но жителите на околните области беа евакуирани.

Градоначалникот на градот изјави дека еден работник е ранет на местото на експлозијата, а петмина настрадале од искршени прозорци.

Ова е втората експлозија во истата фабрика за помалку од 20 месеци.