ВИДЕО: Момци кои дофрлуваат на улица изненадени од своите мајки

Седум од десет жени секојдневно  доживуваат сексуално вознемирување на улиците на главниот град на Перу, Лима.

Поради тоа, екипа од ТВ шоу е решила да направи мал експеримент. Открила некои од уличните свиркачи и им приредила непријатно изненадување.

Во експериментот се вклучени и нивните мајки, кои биле преоблечени и носеле перика за да не бидат препознаени. Ова било големо изненадување за свиркачите, но и за мајките кои не биле свесни за проблематичното однесување на нивнитесинови.