Видео: Необичен ритуал во Индонезија: Одат во планина за да имаат секс со непознати

Невообичаениот ритуал во Индонзија се одвива на планината Гунунг Кемукус- секс на планина на која жителите од оваа земја одат за да имаат секс со странци. За успешно да заврши овој ритуал, лицата мораат секои 35 дена да имаат седум пати по ред.

„Се работа за прилично бизарна приказна. Пред неколку години прочитав текст за тоа, а потоа ми требаше одредено време за да стигнам до таму“, вели новинарот Патрик Аббуд.

Овој древен ритуал датира од 16 век, а оние кои го обавуваат веруваат дека ќе им донесе среќа и богатство. Во него учествуваат сите- оженети мажи, домаќинки, претставници на власта, проститутки.

Невинарот кој ја истражувал оваа приказна, не сретнал странци, но доаѓале луѓе од сите делови на Индонезија за да видат дали навистина среќата ќе им се промени.

„Тоа е јавански ритуал кој е поинаков од муслиманскиот свет, многу поинаков од се останато во Индонезија“, вели Аббуд.

На планината доаѓаат повеќе мажи од жени па затоа местото од време на време се претвора во територија на која проститутките се вообичаена појава, а на планината е направена и клиника поради проблеми со болести.

„Голем број од проститутките се болни, а мажите не користат кондоми“, вели Аббуд.