Видео: Пандов за РСМ: Во СДСМ постои голем јаз

Има доволно време до седницата за констатирање на оставките, опозиционерите да го стават прстот на чело и да размислат што ќе прават. Опасноста за опозицијата е голема доколку не донесат одлука да дојдат во законодавниот дом, вели политичкиот аналитичар Александар Пандов за Радио Слободна Македонија.

Со него денеска во емисијата „Кворум“ анализиравме што ќе се случи доколку опозицијата остане на својот став за вонинституционално дејствување. Пандов е уверен дека доколку Собранието во октомври ги констатира оставките на опозициските пратеници ќе се изгуби видливоста на опозицијата. Притоа посочува дека на таа седница ќе се решат и дилемите дали дел од пратениците ќе се фатат за работа во Парламентот.

Смета дека во СДСМ сега постои голем јаз. Од една страна се оние народни избраници кои сакаат да дојдат во Парламентот, а од друга страна се оние кои ги оправдуваат политиките на Заев и шеќеринска, истакна тој, пренесува РСМ.