Свет

 ВИДЕО: Продолжуваат демонстрациите во Киев

  ВИДЕО: Продолжуваат демонстрациите во Киев

Опозицијата смета дека денешниот ден е решавачки.

Вчеравечер, демонстрантите во центарот на Киев го срушиле споменикот на Владимир Ленин, како симбиличен чин кон претседателот Јануковиќ и неговите планови за блиски односи со Москва.  На вчерашните  протести  повеќе стотина илјади лица побараа  оставка од претседателот Виктор Јанукович.

Триесетина маскирани лица врзале коноп околу вратот на статуата и за блиските дрвја и го собориле на земја.

Двајца пратеници од ултранационалистичката партија Слобода, присуствувале на тој настан.

Одбивањето на Јануковиќ да го потпише договорот за придружување со ЕУ ги налути сите проевропски настроени граѓани.