ВИДЕО: Пронајден гробот на Нефертити?

Неферити исчезна без трага пред 3.000 години. Дали е можно конечно да е пронајден гробот на Нефертити, египетската кралица која е симбол на убавината во стариот свет?

Според британскиот археолог Николас Ривс, гробот на Нефертити е скриен во тајна одаја која се наоѓа во гробницата на фараонот Тутанкамон.

Теоријата на Ривс која беше објавена во август, ги збуни египтолозите во целиот свет. Сепак мистеријата за египетската кралица почнува уште пред три милениуми.

Нефертити владеела во Египет заедно со нејзиниот сопруг Аменхотеп Четврти. Нејзиното име значи „убавицата дојде“. Но по 12 години владеење таа исчезнува. Некои египтолози сметаат дека таа станала ко-владетел под ново име, а други дека тогаш починала.

tutankamon

Ривс и група експерти влегле во гробницата на Тутанкамон оваа недела. Во лозата на фараоните, Тутанкамон се смета за помал крал. Тој починал кога имал само 17 години, но неговата слава се должи на фактот што неговата гробница била пронајдена недопрена.

Ако се погледне неговата гробница, може да се забележи дека е многу помала и помалку импресивна во споредба со грандиозните гробници на неговите „соседи“ во Долината на кралевите.

Не сум размислувал дека Нефертити е погребана овде. Да бидам искрен, дури и се противев на овој заклучок, затоа што ми изгледаше премногу неверојатен. Но, по се изгледа доказите укажуваат на тоа, вели Ривс.

Она што му го привлекло вниманието на Ривс е еден од ѕидовите. Првите докази се едноставни но живи хиреоглифи на жолтите ѕидови. Една секција го прикажува она што изгледа како да е мумија и фараон.

nefertiti-2

Ривс тврди дека фреските во гробницата на Тутанкамон се слични на оние што може да се најдат на други места каде е прикажан младиот крал и Нефертити. Но, тој вели дека овие фрески исто така ги прикриваат пукнатините во ѕидот што би можеле да укажуваат на вратата која се наоѓа зад гробницата на кралот.

nefertiti-3

Сметам дека оваа гробница првично била изградена за кралицата, која била прилагодена за погребот на кралицата што станала фараон. Фараонот (прикажан како мумија) изгледа дека е Нефертити лично, а личноста што ја погребува е Тутанкамон, вели Ривс.

Минатата година специјалист за уметнички реставрации објави фотографии во висока резолуција од споменатата гробница.

На нив, Ривс забележал пукнатини во ѕидовите што би можеле да укажуваат на две претходно незабележани врати што стојат во позадина.

Според него, тие врати се влез во гробницата на Нефертити, која според него се протега зад ѕидот.