ВИДЕО: Руските борбени роботи го положија испитот

Повеќенаменските роботичко-технички комплекси „Уран“ успешно ги положија сложените испитувања на воениот полигон во околината на Новорисијск, изјавува извор од одбранбено – индустрискиот комплекс за Риа Новости.

Во четвртокот на полигонот Рајевски пристигнаа и министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу и началникот на ГШ на воените сили на Руската федерација Валериј Герасимов, како и редица други високи официри.

Шојгу вели дека на полигонот успешно биле извршени испитувањата на борбените повеќенаменски роботичко – технички комплекси „Уран“. Тој појасни дека во минатото борбените роботи биле испитувани поединачни, а сега комплексите ги извршувале задачите во состав на одредот.

-За време на испитувањето на полигонот Рајевски биле обработувани задачи за инженерско истражување на околината, како и уништивање на целите на ограничена оддалеченост од разни системи на вооружување: пушки и автоматски пушки. Во завршната етапа од вежбата боребните роботи ја исполнуваа задачата за уништување на оклопната техника на противтенковските ракети, појаснил тој.