Пожар во автобусот со број 2 на „Партизанска“ Пожар избувна во автобусот со број 2 што вози по улицата „Партизанска“. Повредени нема.
Патниците во паника се симнале кај трговскиот центар „Антико“ во Карпош 4. Тие сведочат дека неколку станици мирисало на оган и ненадејно избувнал чад од автобусот.
На местото на настанот веднаш пристигнала полициска и противпожарна екипа.
Од ЈСП информираа дека пукнал фреонот од системот за разладување.
Возилото беше повлечено во гаража и се работи на отстранување на дефектот. Допрва ќе се прави проценка на нанесената штета, но, генерално може да се каже дека таа е незначителна. При настанот нема повредени лица, односно патници, велат од јавното сообраќајно претпријатие.