ВИДЕО: Силвио Берлускони пренесен на итна операција на срцето

На поранешниот италијански премиер утрово му се врши операција на срцевиот залисток, а интервенцијата, како што се очекува ќе трае четири часа.

Берлускони е примен во болницата Сан Рафаел во Милано каде ќе помине два дена на постоперативна интензивна нега, соопштуваат од болницата, а заздравувањето, според лекарите ќе трае неколку седмици.

Италијанскиот медиумски магнат преживеа инфаркт пред десет години, кога му беше вграден пејс мејкер во САД. Уредот беше заменет кон крајот на минатата година.

Лекарот на Берлускони, Алберто Кангрило вели дека 79-годишниот бизнисмен можел да умре што укажува на тоа дека неговата состојба била потешка од она што го говореле пријателите и членовите на семејството што во изминатите денови го посетувале во болницата, пренесува АП.

Берлускони беше примен во болница минатата недела. Тој тој ден се јавил на лекарот од рим за да му се пожали дека не се чувствува добро, а лекарот го советувал да се врати во Милано и директно од аеродромот да оди во болница. Лекарот наведе дека во болницата Берлускони бил прегледан од тим доктори, што утврдиле потежок случај на заболување на залистокот на аортата, поради што крвта тече во обратна насока од нормалната.

Според лекарите, по рехабилитацијата Берлускони ќе биде повитален од порано.