ВИДЕО: Со брзата реакција му го спаси животот на противничкиот фудбалер

Во неделата во 23-то коло на украинското фудбалско првенство Дњепар го победи киевски Динамо со 2:0, но натпреварот ќе остане запомнет по потегот кој можеби спречи трагедија на тревникот.

Во 22-та минута од натпреварот во двобој капетанот на гостинскиот клуб Олег Гусев се судрил со противничкиот голман и останал да лежи на тревникот притоа не мрдајќи се.

Грузиецот Јаба Канкавa веднаш реагирал, стигнал до несреќниот противник и му го извадил јазикот за да не дојде до гушење.

Гусев е пренесен во болница и со капетанот на Динамо ќе биде се во ред, пред се благодарејќи на брзата и пожртвуваната реакција на фудбалерот на Дњепар.