ВИДЕО: Стан во Париз заклучен 70 години криел неверојатна тајна

Еден стан во Париз во 1939-тата година бил напуштен. Седумдесет години подоцна еден аукционер го отворил и открил уметнички дела што вредат милиони.

Мадам де Флоријан на 23 години во 1939-тата го напуштила станот во Париз. За да избега од војната таа го заклучила станот и заедно со неколкумина други Парижани заминала на југ во мирната зона.

Таа никогаш не успела да се врати во станот, но продолжила да ја плаќа киријата до крајот на нејзиниот живот во 2010-тата година кога починала на 91 година.

Дури откако починала нејзините роднини и наследници дознале за станот во Париз. Тие го изнајмиле аукционерот Оливиер Шопин да го забележи инвентарот од вредни предмети во напуштениот стан. Кога ја отворил вратата аукционерот и целиот негов тим останале без текст. Станот бил слика и прилика на годините пред Втората светска војна.

Сликите биле симнати од ѕидовите, подготвени за транспорт, но како сопственикот да немал доволно време. Тука имало четки, шминка и шишиња парфем. Во аголот на собата биле пронајдени оригинални кукли од Мики Маус и Гицко. Тие го рефлектирале времето пред Војната.

Што се е пронајдено во овој мистериозен стан погледнете во приложеното видео: