ВИДЕО: УМС ги бришеше графитите со недолична содржина

Членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги бришеа графитите со недолична содржина и со неоснован говор на омраза.

-Со ова и минатите акции, УМС сака да покаже дека е општествено одговорна и дека ние се грижиме за животната средина и тоа ќе го правиме и во иднина. Во 12 часот, синхронизирано сите општини од ИЕ 2 ја спроведуваат оваа акција. Бутел, Чаир, Гази Баба, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Куманово, Старо Нагоричане и Чучер Сандево ја спроведуваат оваа активност, се со цел да се отстранат овие графити, рече генералниот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Од УМС истакнаа дека и во иднина ќе продолжат со спроведување на акции и со грижата за животната средина.