(ВИДЕО) Во Сирија откриен подземен терористички град

Сириската армија прочешлала цела мрежа подземни тунели кои во градот Дума во централната енклава Источна Гута ја изградиле милитантите на исламистичката групација Џаиш ач-Ислам, а репортерите на арапската редакција на телевизијата RT ги снимила премините низ кои без никакви проблеми проаѓаат и цели возила.

На длабочина од петнаесетина метри под земјата, огромните тунели ги потпираа метални столбови и плочи, поради што внатрешноста потсетува на подземна железница. Тунелите се протегаа во километарска должина под градот Дума, кој од почетокот на сирискиот конфликт беше под контрола на радикалните исламистички сунитски групации. Според прилогот, буквално станува збор за град под градот.

Во тунелите има струја, паркинзи, радиостаници и друга инфраструктура. Доволно се големи низ нив да може да мине комбе, како што може да се види на снимките што ги направиле новинарите. Сириската војска при нивното истражување утврдила дека тунелите биле користени во нив да се кријат машините и возилата коишто исламистите ги користеле во текот на окупацијата на градот.

Милитнатите го принудувале локалното население да ги гради тунелите, а оние кои одбивале ги изгладнувале. „Нѐ изгладнуваа и малтретираа. Не им даваа храна на оние кои не сакаа да работата“, изјавил еден локален жител.

Претходно руската воена команда во Сирија соопшти дека сириските војски откриле хемиска лабораторија во Дума, во којашто биле најдени резерви од хлор од германско потекло, како и полнења за гранати произведени во англискиот град Солсбери. Овој град стана познат по наводниот напад со нервен агенс врз поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија од март, за што Западот ја обвинува Русија. Дума, пак, исто така од страна на западните земји беше посочена како место на коешто наводно сириските владини сили извршиле напад со хемиско оружје, што Дамаск и Москва одлучно го отфрлаат.