ВИДЕО: Ѕирнете во замокот на Дракула

Оваа видео снимка ќе ви овозможи да прошетата во внатрешноста на домот на Дракула.

Замокот Бран  во Романија е изграден во 1313 година, а годишно привлекува околу 500.000 туристи. Приказната за мрачниот замок го инспирирала ирскиот писател Брем Стокер да го напише хорор романот „Дракула“.

Иако многумина мислат дека таму живеел Влад Цепеш, човекот кој ја инспирирал приказната за Дракула, тој, всушност таму останал многу кратко.

Во замокот има 31 спална соба, а денес е музеј кој ја прославува легендата за најпознатиот вампир, грофот Дракула.