Високата зона на Аеродром без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека на ден 09.03.2015 година ( понеденлик ) поради санирање на водоводна мрежа од фи 200 мм на бул. Видое Смилевски Бато, без водоснабдување се потрошувачите од високата зона на потегот од Железничката станица Скопје па се до Ново Лисиче (Острово, Аеродром, Јане Сандански, Ново Лисиче).
На дефектот се работи од 07.00 часот а се очекува истиот да биде саниран до 22.30 часот на ден 09.03.2015 година (понеделник).