Спорт

Витсел се согласи на трансфер во Милан

Витсел се согласи на трансфер во Милан

Агентот на Белгиецот Аксел Витсел, тврди дека играчот на Зенит ја прифатил понудата на италијански Милан, но дека следува потешкиот дел, а тоа е да ги договори условите со Зенит.

Рикардо Наполитано истакна дека Витсел од „Сан Сиро” го дели само договор помеѓу двете екипи, а нив ги делат десет милиони евра. Милан наводно е подготвен да плати 20 милиони, а Русите бараат 30, за фудбалерот кого во 2012 година го платија 40 милиони.

„Витсел на почетокот не беше убеден во понудата на Милан бидејќи бара клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите. Сепак, тие успеаја да го убедат. Првата пречка е мината, сега Зенит мора да ги исполни своите барања. Милан е подготвен да потроши 20 милиони, а Русите бараат помеѓу 30 и 35″, изјави Наполитано.