Македонија

Владата на РМ најостро протестира за насилничкиот и заканувачки вокабулар на грчките војници

Владата на РМ најостро протестира за насилничкиот и заканувачки вокабулар на грчките војници

„Владата на Република Македонија најостро протестира за насилничкиот и заканувачки вокабулар кој го употребуваат грчките војници и кој е својствен за некои дамнешни времиња. Ваквите чинови подгреваат меѓудржавна омраза,“ се вели во протестот на македонската влада.

Таа ги презема сите дипломатски чекори за осуда на овој и ваквите слични настани во Република Грција, кои не придонесуваат за промовирање на добрососедството и духот на соработката.

„Загрижува фактот што вакви недолични и нецивилизирани појави со години се повторуваат во Република Грција, а јавноста не се сеќава да имало официјално извинување и оградување од властите. Веројатно не им пречи кога Македонци, Албанци или Турци им ги оставаат парите како туристи, а надвор од тоа пеат дека “ќе им ја цицаат крвта”. Европската Унија ова го премолчува и толерира, а не би требало. Сведоци сме на прекумерни реакции за збиднувања во земјава, но редовно кога станува збор за ваков речник и настапи во Република Грција кои рефлектираат и промовираат насилнички национализам се премолчува. За доброто на европската идејa и вредностите кои таа ги промовира, неопходно е ваквите практики и брутални изблици на најрадикален национализам во државни структури да наидат на најостри осуди,“ се вели понатаму во протестот.