![gorgiev](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/11/gorgiev.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Никаде во понудата за форматот на јавната дебата не е ограничено происуството на студентите, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, пренесе Курир.
-Од самиот формат кој беше предложен за средбата, може да се види дека никаде не постои забрана за присуство на студенти на истата, и доколку Интеруниверзитетската конференција цени дека е потребно тогаш тие слободно можат да вклучат членови на студентите во својата делегација и ние ги охрабруваме тоа да го направат и да вклучат и студенти кои не се согласуваат со реформите и студенти кои дадоа поддршка на истите, истакна портпаролот Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција како одговор на новинарско прашање.