Владата пресече за средношколците, пленумот инструиран од СДСМ

Eкстерното тестирање ќе продолжи да се применува, а стариот концепт на државна матура ќе се полага уште само оваa година, излезе Владата со финален став.

Ова е исходот од неколкуте средби помеѓу средношколците и преставниците на Владата. Иако Владата во неколку наврати покажа големо разбирање и волја по пат на договор да се постигне решние за што доказ се и отстапките кои ги направи во процесот на спроведување на реформата, таканаречениот Средношколски пленум остана глув и не покажа разбирање.

Вицепремиерот Владимир Пешевски вчера потврди дека конечна е одлуката годинава да се полага државната матура според стариот концепт, а понатаму ќе се формираат работни групи на сите засегнати страни за да се бара прифатлив концепт за сите.

-Владата и Министерството за образование донесоа свој конечен став во однос на начинот на којшто ќе се полага матурскиот испит оваа година. Имено согласно разговорите со заинтересираните страни, ученици, професори, како и консултации со експерти, одлучивме оваа година матурскиот испит да се полага согласно стариот концепт, односно математиката да не биде задолжителна и да не постои електронско тестирање. Исто така свесни сме дека постојат можности за унапредување на концептите коишто беа разгледувани во изминатиот период за која цел ќе бидат формирани соодветни работни групи во коишто сите оние коишто треба да бидат претставени ќе бидат повикани и ќе се дискутира за понатамошно утврдување на концептот за матурскиот испит за следните години, посочи тој.

Екстерното тестирање останува како и досега, вели Пешевски, со одлука и за овој концепт во иднина да се формираат работни групи.

-Екстерното оценување ќе продолжи согласно постоечкиот концепт, односно тука нема да има измени оваа година, но бидејќи постојат можности и за негово унапредување ќе бидат формирани нови работни групи, коишто исто така ќе работат на унапредување на концептот за годините што следат, додаде Пешевски и упати апел до учениците, родителите и директорите од понеделник да се вратат во училиштата на настава бидејќи, како што рече, е изгубено многу време и треба да се надополни изгубениот материјал, што е во најдобар интерес на самите ученици.

Силното политичко влијание врз средношколците и нивното инструирање е главната причина за неуспехот на разговорите. Според информациите, речиси секоја средба со средношколците завршувала со некаков договор кој веднаш по напуштање на зградата на МОН самите средношколци по направените координации и очигледно под притисок се предомислувале и се враќале на своите штетни позиции.

Речиси без двоумење совршено јасно е дека зад Средношколскиот пленум, но и сите останати пленуми стои директно СДСМ и фондациите како МОФ, кои се финансирани од СОРОС, пишува Курир.

Владата во изминатиот период покажа толеранција, математиката стана изборен предмет за полагање, потоа државната матура иако првично беше предвидено да се полага по нов концепт се продолжија роковите и оваа година ќе се задржи постојниот.

На сето ова пленумот ги злоупотребува средношколците и не покажа волја и разбирање за договор. Практично бојкотот на наставата преставува и трајна загуба за средношколците. Тие со бојкотот кој го застапуваат според законот ризикуваат повторување на годината, намалено поведение и казни за нивните родители.