Во 2055 година Франција ќе ја помине со број на население Германија

Франција официјално на 1 јануари 2012 годинаа броеше 65,2 милиони жители, соопшти францускиот национален институт за статистички и економски студии (ИНСЕЕ), јавува дописникот на МИА од Париз.

Според последните статистички податоци, само европскиот дел на Франција брои 63.375.971 милиони жители, додека бројката од 65.241 241 жители ги опфаќа и француските територии како Реунион, Гвадалупа, Мартини и Гвијана.

Според новообјавените податоци, Франција е втората по големина земја во ЕУ, зад својот сосед Германија која брои 80,3 милиони жители. Но за разлика од Германија, демографијата на Франција е подинамична, имено бројот на населението во Франција од 2007 до 2012 се зголеми просечно за 0,5 отсто годишно, додека во Германија се намалуваше за 0,5 отсто.

Во соседна Велика Британија бројот на населението достигна 63,5 милиони, односно просчено зголемување за 0,8 отсто годишно.

Според проценките на ИНСЕЕ Франција во 2055 година може да ја надмине со бројноста на населението соседна Германија.

Во Франција не се рамномерно распределени жителите на целата нејзина територија, најнаселени с екрајбрежните области, посебно југот на Франција и големите метрополи како Лион, Марсеј, Париз.

Париз со 2,2 милиони жители е најнаселен град во Франција, односно 2,2 отсто повеќе во споредба со 2007 година. Следи Марсеј со (852.516 жители), Лион со (496.343), Тулуз (453.317), Ница (343 629), Нант (291.604), Стразбур (274.394), Бордо (241.287) и Лил (228.652). Ова се бројките само жителите внатре во општинските граници на градовите, ако се земат во предвид околните места, тогаш Лион е пред Марсеј и Лил е веднаш зад Тулуз.

Пописот во Франција веќе повеќе години не се одвива според класичната форма на целосен попис, туку секоја година во јануари се прави делумен попис во сите поголеми населени места.

Од бројот на жителите на општините зависат и нивните дотации од државата.