Во црквите во Оклахома дозволено оружје поради самоодбрана

Користењето на огнено оружје поради самоодбрана ќе биде дозволено во иднина во храмовите во Оклахома, без опасност од покренување на граѓанска или кривична постапка, според новиот закон кој го донесе оваа американска сојузна држава.

Гувернерката Мери Фалин во понеделникот го потпишала текстот кој во април речиси едногласно е донесен во парламентот на држаата Оклахома.

Новиот закон ја проширува на местата на исповедање на религиите одлуката според којашто секој кој ќе оцени дека се наоѓа во животна опасност може да употреби огнено оружје, па макар имал и друга можност да се одбрани, на пример со бегство.

Оклахома, северно од Тексас, го проучува во моментов и нацртот од специјалниот закон со кој на секој граѓанин над 21-годишна возраст ќе му се овозможи носење оружје, а да не мора да има за тоа дозвола, ниту да вежба гаѓање.