Во напад со нож во Кина убиени 7 и ранети 19 ученици

Маж вооружен со нож убил во петокот седум и ранил уште деветнаесет ученици од едно средно училиште додека се враќале дома на северот од Кина, соопштија локалните власти, пренесе агенцијата AFP.

Напаѓачот е уапсен, а ранетите ученици се примени во болница каде што им е пружена прва помош, објави на мрежната страница округот Мизи, во покраина Шаанкси, без да се наведат поединости.

Службата не ја наведува возраста на настраданите деца, но познато е дека во Кина средно училиште децата посетуваат меѓу 12-та и 15-та година.

Нападите со нож во оваа земја не се реткост. Во февруари со може беше убиена жена во трговски центар во главниот град Пекинг, каде што инаку ваквите напади се многу ретки, а минатата година мажи со кујнски но уби две и рани девет лица во продавница во Шензен, на југот од земјата.

Во јануари 2017 година, исто така, со кујнски нож беа ранети 11 деца во детска градинка во автономната покраина Гуанкси Жуанг, на југот на Кина. Смртоносни напади во училишта и детски градинки беа регистрирани и претходните години.