Во Нигерија нема нови заболени од ебола

Иако имаше предупредувања дека ебола вирусот може неконтролирано да се прошири во Африка, во Нигерија тврдат дека успешно го спречиле појавувањето на нови случаи.

Претседателот на Нигерија изјави дека повеќе нема нови случаи на ебола во земјата, истакнувајќи дека тоа се должи на строгиот карантин под кој беа заболените.

Моментално во Оксворд се тестира вакцина против еболата, од каде истакнуваат дека истражувањето оди неверојатно добро.

Во меѓувреме, тим на Црвен крст во Гвинеја беше нападнат додека се обидуваа да ги отстранат телата на жртвите од еболата, а 27 лица беа притворени во земјата поради убиствата на 8 лица од медицинскиот тим.