Во Србија повеќе новороденчиња имало за време на Балканските војни

Во Србија минатата година се родени помалку деца отколку за време на Балакснките војни, Првата или Втората светска војна, наведе демографот Горан Пенев во изјава за државната телевизија.

Според податоци на Републичкиот завод за статистика, во 2013 година во Србија се родени само 65 илјади бебиња што е најниска бројка од 1900 година па навака.

Од 168 општини колку што има во Србија, во 160 е регистриран негативен прираст.