Во вторник ќе се знае кој ќе биде на чело на УБК и БЈБ

Уапсени 9 лица кои регрутирале борци за боиштата во Ирак и Сирија

Во вторник, на 26 месецов, на седница на Влада ќе се избираат новите директори на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање, објави ТВ „Алфа“.

Предлозите за двете функционерски места во полицијата се на предлог на министерот за внатрешни работи Митко Чавков, и се до нивниот официјален избор не се откриваат.

Смените на двете клучни директорски позиции во МВР, доаѓаат откако од позицијата министер за внатрешни работи и директор на УБК се повлекоа Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков.