ВИДЕО: Протест за поддршка на обвинетите за настаните во Собранието

Пред Основниот суд Скопје 1 во моментов има протест на граѓани за поддршка на  обвинетите за тероризам поради настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.

Во судските клупи денеска повторно се враќаат Богдан Василевски, Борис Дамовски, Игор Дурловски, Владо Јовановски, Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Илија Славковски, Јане Ченто, Митко Чавков, Елена Доцевска, Абдуљафет Алими, како и пратениците Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Љубен Аранудов.

Уште од стартот на овој судски спор во јавноста гласно се зборува дека станува збор за политички монтиран случај.