„Водовод“: Водата во Македонија е со најниска цена – нема простор за корекции

Опозицијата во Градското собрание бара намалување на цената на водата, но од ЈП „Водовод и канализација“, смета дека простор за корегирање на цената нема.

Цената на вода со канализација за домаќинство изнесува 29,39 денари, а за правни лица 65,80 денари по м³.

-Трошоци кои се утврдени во методологијата а кои директно ја детерминираат цената на овој ресурс се: трошоци за електрична енергија, трошоци за одржување, трошоци за развој и инвестиции, трошоци за материјали и резервни делови, трошоци за нафта и нафтени деривати и други. Редовното снабдување со чиста вода за пиење и одведување на урбани отпадни води за сите корисници е примарна грижа на ова јавно претпријатие и исполнувањето на оваа обврска е директно поврзано со цената на електричната енергија со која се препумпува водата до корисниците (околу 60%). Сите споментати трошоци со години наназад бележат зголемување. Потребата за реализација на тековните капиталните инвестици и проекти за подобрување на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води како и инвестициите поврзани за одржување на водоводната и канализациона мрежа“велат од Водовод.

Оттаму посочуваат дека во периодот 2008 до 2014 година со цената од 1 март 2007 година се реализирани инвестиции во следниот обем:

2008 година инвестиции во висина од 258.478.512 денари.

2009 година инвестиции во висина од 307.409.289 денари.

2010 година инвестиции во висина од 346.241.860 денари.

2011 година инвестиции во висина од 294.321.225 денари.

2012 година инвестиции во висина од 353.078.753 денари.

2013 година инвестиции во висина од 218.745.198 денари.

2014 година инвестиции во висина од 306,721,348 денари.

Истовремено, претпријатието 19,5 отсто од наплатената цена за вода кои се неопходни за функционирањето на ЈП Паркови и зеленило-Скопје.

„Водата во Македонија е со најниска цена во регионот по м³: Хрватска, Загреб 2.05 евра, Црна Гора, Подгорица 0.60 евра, Босна и Херцеговина 0.59 евра, Србија, Београд 0.59 евра, Тирана Албанија 0.32 евра, Р. Македонија, Скопје 0.28 евра“, посочуваат од ЈП „Водоовод и канализација“.