Вработените во „Југохром“ ќе протестираат против исклучувањето на печките

Синдикатот на вработените на Југохром Алзар ќе организира уште еден протестен собир против неоправданото исклучување на печките во фабриката.

Мирниот протест ќе се одржи утре (четврток) во Скопје, со блокада на крстосницата пред Судскта палата, во времетраење од еден час, односно од 12 до 13 часот.

По 13 часот, вработените ќе се упатат пред Инспекторатот на Мнистерставотот за животна средина, каде што ќе биде доставено протестно писмо проетив неоправдано исклучување на печките во Југохром Алзар.