Македонија

Времен сообраќаен режим во Скопје и во Охрид за Водици

Времен сообраќаен режим во Скопје и во Охрид за Водици

По повод утрешното чествување на големиот христијански празник Богојавление-Водици, а заради непречено одвивање на манифестациите што ќе се одржат во рамки на одбележување на празникот, во Скопје и во Охрид ќе има посебен сообраќаен режим.

Имено во Скопје од 10,30 часот ќе биде затворен за сообраќај булеварот “Филип Втори“, односно потегот на оваа сообраќајница од крстосниците со булеварот “Гоце Делчев“ до онаа со улицата “11 Октомври“. Исто така во населбата Хром, општина Ѓорче Петров од 11,30 часот ќе биде затворена за сообраќај улицата “Васил Аџиларски“.

Покрај ова и во Охрид уште денес ќе бидат известувани сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата на улиците “Коста Абраш“, “Цар Самоил“ и кеј “Македонија“ каде е предвидено поставување на возилата со приоритет како и шатори од Црвениот крст со неопходната опрема. А пак утре за сообраќај ќе биде затворен булеварот “Македонски просветители“ од пресекот со улицата “Партизанска“ кон кеј “Македонија“, додека сообраќајот на булеварот “Македонски просветители“ целосно ќе се пренасочи кон улицата “Партизанска“. Од 07,00 часот ќе се врши физичко регулирање на овие сообраќајници но и на регионалниот пат Охрид-Св.Наум кај црквата “Св.Недела“ кај селото Коњско и на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Оровник.