Вучиќ: Никој нема да остане без куќа

Според најавите, обновата на домовите кои беа оштетени во поплавите во Србија, треба да заврши до средина на есента, а до први октомври ќе се санираат патиштата.

За таа намена, Србија може да смета на 80 милиони евра од ИПА фондовите и донации и уште 40до 50 милиони евра од Фондот за солидарност на ЕУ.

Вучиќ им порача на граѓаните чии домови беа оштетени во поплавите дека во следните седум до десет дена ќе добијат пари за да ги обноват куќите.

„Никој нема да остане без куќа. Сите ќе бидат обновени со средината на есента како што и е ветено, а патиштата ќе бидат санирани до први октомври. Во периодот што следи останува да се реши проблемот со електроенергетскиот систем“, изјавил премиерот на Срвија, Александар Вучиќ.