Вучиќ во Лондон: Владата планира да го продава Телеком Србија

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ потврди дека Владата планира да го продаде Телеком Србија и малцински пакет на акции на Електростопанство Србија (ЕПС).

„Бараме инвестициски партнер за телеком Србија, подоцна ќе одиме на отворен и транспарентен тендер и ќе го решаваме прашењето на таа компанија“, кажал Вучиќ во интервју за блогот на Лондонското економско училиште, откако во понеелникот одржа предавање во тоа училиште.

Говорејќи за ЕПС, Вучиќ истакнал дека е сосема сигурно дека Србија нема да продава мнозински дел од пакетот акции, но дека бара инвеститор кој е заинтересиран за малцински пакет на акции. На прашањето дали ќе биде дозволено оф шор компанија регистрирана во земја каде сопствеништвото тешко се проверува, да учествуваат на тендери, Вучиќ одговори дека тоа ќе зависи од условите на тендерот.

„Економските реформи се апсолутно најважни услов за влегувае на Србија во Европската унија“, истакнал Вучиќ.

Зборувајќи за слободата на медиумите во Србија, тој кажал дека некои работи би можеле да бидат подобри и дека Владата ќе работи на тоа.

На прашањето на кое достигнување најмногу е горд од времето кога бил министер додека Сободан Милошевиќ бил претседател на Србија, Вучиќ истакна дека сигурно не бил мрзелив и не работел против својата држава.

„Не ми е тешко да признам дека некои предложен закон бил лош. Тоа е разликата помеѓу мене и моите критчари. Јас умеам за себе да зборувам остро  и да се осудам , а тие умеат само за мене да зборуваат остро и да ме осудуваат, а за себе ни малку.