Балкан

Интервју на српскиот претседател Вучиќ порача дека странците нема да ја водат политиката на Србија

Вучиќ порача дека странците нема да ја водат политиката на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во понеделникот во интервју за белградскиот печат дека Србија ќе води единствена и независна политика во којашто, додека тој е шеф на државата, странците нема да имаат влијание.

„Суштината на политиката за којашто се залагам е независна Србија. Независна не само во своите граници туку, во прв ред, во одлучувањето и грижа за својот народ. Доколку некој тоа не може да го разбере, тогаш тоа е негов проблем. Сите нека знаат: ќе водиме единствена, српска политика, во којашто странците нема да се мешаат додека јас сум на чело на државата“, вели српскиот претседател Александар Вучиќ за Вечерње новости.

Коментирајќи ја најавената декларација за опстанокот на српската нација и на Србите, Вучиќ вели дека „тимот реномирани професори“ веќе работи на тој текст се очекува до крајот на годината.

Вучиќ се осврна и на забелешките регионот и граѓанското општество дека декларацијата е нов манифест за „голема Србија“.

„Можеби сите се плашат од можноста дека Србите добијат мозок и да започнат да размислуваат за себе и за своојата иднина. Според нив, Србите не дека немаат прав да го промислуваат своето минато, туку и не смеат да размислуваат ниту за иднината“, вели Вучиќ.

Српскиот претседател оцени дека е реален и предлогот за решението за Косово ќе биде понуден до март 2018 година, порачувајќи дека тоа ќе биде „поинакво од најлесните ’решение’ како што е удирањето в гради и паролите за нашите милионгодишни територии“, или од оног „во кој бараат да ксжрте – да живее независно Косово“, вели српскиот претседател.

„Тоа, значи, ќе биде решение коешто бара болни компромиси од двете страни и коешто ќе биде напаѓано од свите страни. Реално е со предлогот за Косово да излеземе во март следната година. Сакам да слушнам што луѓето мислат за тоа. Ние во тој дијалог не сме сами. Се прашуваат и САД, Русија, Кина, ЕУ. Се прашуваат и Албанците“, истакна во Вучиќ.

Запрашан дали размислува за вонредните избори во 2018 години, Вучиќ рече дека нема да „бега од мегданот“ и дека исклучува избори. „Доколку опозицијата изнесе добри причини, може и да ги има“, вели Вучиќ во интервјуто за Вечерњи новости.