За два дена 312 повици на „Ало докторе“

Во периодот од 4 до 5 ноември на телефонската линија 15123 Ало докторе имаше вкупно 312 јавувања со пресек до 22 часот.

За граѓаните од сите градови во Македонија се достапни 22 доктори, кои нудат совет, соодветна симптоматска терапија и доколку е потребно пренасочување на повикот кон службата за итна медицинска помош 194.

Најчесто повиците се однесувале за респираторни, кардиоваскуларни проблеми предизвикани од променливите временски услови, како и симптомна болка.

Во текот на изминатите два дена, најчести биле повиците преку кои се барало медицински совет за најмладата популација (настинка, покачена температура).

Денес во кол центарот 15123 дежурен доктор ќе биде д-р Мендух Јегени, директор на специјалната болница за гинекологија и акушерство, а утре д-р Живка Јордановска од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас.